ЈАР: Измамници користат мртви тела за осигурителни измами, полицијата воведува очајнички мерки

„Индепендент“ тврди дека надлежните институции веќе подолг период се борат со овој тип на корупција.

Измамници во Јужна Африка соработуваат со мафијата, која изнајмува мртви тела за употреба на осигурителни измами, а полицијата применува нови алатки за овие мртви тела да бидат исфрлени „пазарот“, соопштија властите.

„Индепендент“ тврди дека надлежните институции веќе подолг период се борат со овој тип на корупција, а само минатата недела добиле второ барање за смрт која се случила минатата година.

– Личноста починала во април минатата година и барањето е процесуирано, а потоа добивме ново барање за истото лице. Изнајмувањето на мртви тела е проблем, бидејќи имаме многу трупови кои се префрлаат од една во друга мртовечница – констатираат надлежните.

Вообичаено, измамниците ги палат или на некој друг начин ги „уништуваат“ телата, до таа мерка да тие не можат да се идентификуваат, овозможувајќи им да бидат пренесени до повеќе различни медицински инспектори под различни идентитети, тврди „Индепендент“.

Властите планираат да воведат технологија за отпечатоци на прстите на починатите, која ќе бара да се идентификуваат и евидентираат пред тие да бидат изнесени од мртовечницата.

Според пишувањата на „Индепендент“, Здружението за штедење и инвестиции СА објавило извештај во кој се наведува дека индустријата за осигурување открила 3.708 случаи кои би резултирале со лажни барања за отштета, во вредност од 69.298,500 долари само во 2018 година.

Донован Херман од осигурителната куќа „Асис“ рекол за британскиот медиум дека поголемиот дел од овие измамнички барања се однесуваат околу погребалните домови. Поголемиот дел од овие установи не бараат тестирање на крвта или медицински прегледи за да се овозможи брза исплата на осигурувањето.

Според еден извештај, јужноафриканската индустрија за осигурување исплатила 99,3 отсто од барањата за исплата на полисите за животно осигурување во 2018 година.

Воспоставувањето на програмот за отпечатоци на прсти ќе ѝ отежне на мафијата да го користи истото тело повеќе пати за да изврши измама. Двајца мажи се уапсени во ноември поради пријавување на тела од владините мртовечници користејќи лажен идентитет, пренесува „Њјуз24“. Тогаш, лицата наводно ги однеле телата во приватна мртовечница и побарале исплата на осигурување.

„Позајмувањето“ на мртви тела не е ново криминално дело во земјата. Медиумите во земјата известија дека две Јужноафриканки создале лажен идентитет на жена, и купиле три полиси за животно осигурување кои чинеле 11.000 долари.

Потоа му пристапиле на директор на погребално претпријатие во градот Дурбан и побарале да „позајмат“ мртво тело. Директорот се сложил, отстранувајќи 42-годишна почината жена од мртовечница, притоа пренесувајќи ја во друг град, за лекарот да може да подготви умреница.

За несреќа на потенцијалните измамници, полицијата била предупредена за нивните планови и чекала да го уапси директорот на погребалното претпријатие кога дошол да го преземе телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот