Јапонски научници: Ковид-19 причинува со месеци отежнато дишење, слабост и опаѓање на косата кај оздравени пациенти

Луѓе пешачат во областа Кабукичо, една од најпознатите и најголемите улици која нуди богат ноќен живот и забавен репертоар / 09 април 2020, Токио, Јапонија / Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонски научници анализирале состојба на пациенти кои се опоравувале од Ковид-19, кои биле лекувани во болници. Една од последиците на болеста предизвикана од нвиот коронавирус  е опаѓање на косата, како и со месеци  отежнато дишење и чувство на слабост, открија научниците од Националниот центар за глобално здравје и медицина во Токио, јави телевизискиот канал НХК.

Студијата покажа дека кај оние кои биле во болница со Ковид-19, четири месеци по закрепнувањето, симптомите на отежнато дишење остануваат кај 11 отсто од луѓето, слабост чувствуваат 10 отсто, нарушувања на мирисот и вкусот – 10 отсто, болна кашлица – четири отсто.

Покрај тоа, два месеца по појавата на симптоми на Ковид-19, една четвртина од отпуштените пациенти почнале да се жалат на опаѓање на косата.

Научниците забележуваат дека слични симптоми се забележуваат и кај оние кои се излекувале од ебола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот