Јапонски град забрани гледање во телефон додека се движите

Јапонки/Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Јамато, град во Јапонија минатата недела забрани навика што ја гледаме ширум светот – да се гледа во телефон додека се оди по улица.

Патниците што пристигнуваат на Централната станица во Јаматo, град со 250.000 жители, ќе бидат пречекани со известувања, писмено и гласовно, за новововедената забрана за одење на сите улици, плоштади и паркови.

„Додека одите во градот, употребата на паметни телефони е забранета. Ве молиме користете телефони кога ќе престанете да одите“, е наведено во пораката.

Се чини дека невообичаената забрана има широка поддршка од граѓаните.

„Сум видел дека луѓето шетаат наоколу и ги гледаат своите мобилни телефони во исто време. Тие не обрнуваат внимание на работите околу нив. Постарите луѓе не можат да ги избегнат“, вели 64-годишниот Кензо Мори. „Тоа е како зависност. Тие изгледаат како да не можат да престанат“, додаде тој.

Студијата на јапонската телекомуникациска компанија НТТ, покажа дека пешаците што гледаат во мобилен телефон губат 95 проценти од своето видно поле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот