Јапонија: Во дополнителниот буџет за 2021 година 163 милијарди долари се за борба против коронавирусот

Новата варијанта на коронавирусот Омикрон ќе биде доминантен на почетокот на 2022 година/ Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Јапонската влада усвои дополнителен буџет за фискалната 2021 година, што вклучува одредена финансиска помош и за борбата против пандемијата, подготвеноста за катастрофи и туризмот.

Дополнителниот буџет за 2021 година изнесува од 36 трилиони јени (314 милијарди долари), јави Анадолија.

Со дополнителниот буџет за борбата против коронавирусот ќе се издвојат 163 милијарди долари.

Исто така, 72 милијарди долари ќе бидат издвоени за програмите наречени „нов капитализам” ветени од владата пред изборите, а 26 милијарди долари ќе бидат потрошени за помош при катастрофи, вклучувајќи и за подобрување на опремата на релевантните единици на Јапонските одбранбени сили (SDF).

За зајакнување на економските активности, вклучувајќи го и домашниот туризам наменети се 15,5 милијарди долари.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот