Јапонија ќе фрли дел од вакцините на Фајзер поради недостиг на шприцеви

EPA EFE
Вакцина Фајзер против ковид-19 / фото: ЕПА

Лекарите во Јапонија ќе треба да фрлат дел од вакцините против коронавирусот, произведени од американската фармацевтска компанија Фајзер, поради недостиг на доволен број специјални шприцеви, соопшти денеска генералниот секретар на јапонската Влада Кацунобу Като.

– Не е лесно да се купи точна количина на овие специјални шприцеви, нема толку многу во светот, објасни тој, додавајќи дека Токио во моментов преговара со неколку производители.

Секоја вијала од вакцината на фајзер содржи количина за шест инјекции, но само специјални шприцеви можат да ја извадат целосно. Употребата на обични шприцеви овозможува употреба на само пет дози од вакцината.

– Останатиот дел од содржината на ампулите ќе треба да се фрли, призна генералниот секретар на кабинетот.

Поради тоа, со веќе нарачаната серија вакцини од Фајзер ќе можат да се вакцинираат околу 60 милиони луѓе, наместо првично планираните 72 милиони.

Вакцинацијата ќе почне утре

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот