Јанушев: Короната од Скопје Заев и СДСМ вчера ја испратија да прошета низ цела Македонија (ВИДЕО)

Додека на светско ниво бројот на заболени опаѓа во државата расте со брзина на светлината и достигнува рекорден број на заболени, рече Јанушев.

Денешната бројка од 80 новозаразени од коронавирусот уште еднаш докажа дека СДСМ и Филипче се целосно изгубени во справувањето со пандемијата,  рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во обраќање на фејсбук.

-Додека на светско ниво бројот на заболени опаѓа во државата расте со брзина на светлината и достигнува рекорден број на заболени. Короната од Скопје Заев и СДСМ вчера ја испратија  да прошета низ цела Македонија. Институциите единствено што прават е што бројат ново заболени. Јавно ги прашуваме Заев и Филипче до кога вака? Каде е сега аплаузот? И денеска ли ќе ја убедувате македонската јавност дека се е под контрола. Уште колку треба да чекаме да признаете дека згрешивте и тоа многу- вели во обраќањето Јанушев.

Колку луѓе ќе носите на душа, ги прашува Јанушев, поради вашата неорганизираност, непрофесионалнсот и неспособност. За да биде иронијата уште поголема за 10 дена од денес сакате да влеземе во предизоборна кампања.

-Има ли крај оваа голгота во која не втурнавте. СДСМ ќе одговара за својата неспособност, целиот криминал и сиромаштијата која му ја приредија на овој народ- рече Јанушев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот