Фото: КФСМ

Јакимовски и Вајли ја водеа Македонија до победа над Ирска

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја забележа втората победа во претквалификациите за Европското првенство 2029, совладувајќи ја Ирска со 88-76 на гостински терен во Даблин.

Иако Ирците започнаа силно со водство од 8-0, Македонија се врати во мечот, а на полувремето водеше со 42-40. Последните два квартала беа игра на нерви, а исходот се реши во финишот кога македонската серија од тројка и неколку прецизни удари донесе предност 86-74.

Најдобри кај Македонија беа Андреј Јакимовски со 26 поени, Џејкоб Вајли со 20 поени и девет скока, Мекиќ со 12, а Стојановски со 11. Кај Ирска, Самуел Алаџики беше најефикасен со 26 поени.

Следен противник на Македонија е Луксембург во февруари на домашен терен, кој ќе одлучи за првото место во групата.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот