Јаховиќ е повреден, селекторот Милевски го повика Ердон Даци

даци
Ердон Даци е прв стрелец во белгискиот клуб Вестерло/Фото: ФФМ

Македонскиот репрезентативец, Адис Јаховиќ поради повреда нема да може да се стави на располагање на А тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Италија (24 март) и Португалија/Турција (29. март) од плејофот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Фудбалерот на Гезтепе почуствувал болка во тетивата на денешниот првенствен натпревар од турското првенство. Лекарските прегледи потврдија дека Јаховиќ не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви.

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски веднаш прати повик до Ердон Даци.

Поранешниот младински репрезентативец, прв пат добива можност за настап во А репрезентрацијата на Македонија. Фудбалерот на белгиски Вестерло е прв стрелец на својот клуб, стандарден првотимец на натпреварите за Вестерло, екипа која е лидер во втората лига и најсериозен кандидат за влез во најдобрата белгиска конкуренција.

Собирот на нашата најдобра репрезентација е закажан за утре во 20.00 часот. Првиот тренинг ќе го има во понеделник од 17.00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот