Известување од Амбасадата на Турција: Материјалната помош треба да биде нова, пакетирана и согласно зимските услови

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Амбасадата на Република Турција во Скопје известува дека при пренос на материјалната помош до погодените места од земјотресот треба да се има предвид дека надлежни за собирање на донациите се Црвениот крст и Заедницата на единици на локална самоуптрава. Материјалите што ќе бидат испратени во вид на материјална помош треба да бидат нови, пакетирани, согласно зимските услови и на пакетите на турски јазик јасно да биде напишан видот на материјална помош.

На самиот пакет како примач на материјалната помош во Туркије во вид на етикета треба да се наведе „Ankara Sosyal Yardımlaşma ve Dayanışma Vakfı”. Материјалната помош која ќе биде пратена по копнен пат, во Ипсала и Капикуле ќе бидат прифатена во центрите на собирање помош на Вилајетот на Едрене. На следниот линк може да го најдете списокот на центрите за собирање помош, се вели во соопштението.

Од Амбасадата додаваат дека правните лица можат да пратат материјална помош со царинска декларација, а сите детални податоци се објавени на веб страницата на Царинската управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот