Израелските сили собориле дрон што доаѓал од Јордан

Фото:: Архива

Според израелската армија, дронот се движел кон областа Бет Шин, на северот на Израел, пренесува „Тајмс оф Израел”.

Израелските трупи рано утринава соборија дрон што се приближувал кон северен Израел од правец на Јордан, јавија израелските одбранбени сили.

Според израелската армија, дронот се движел кон областа Бет Шин, на северот на Израел, пренесува „Тајмс оф Израел”.

„Беспилотното летало го следеа единиците за противвоздушна одбрана. Остатоци од дронот беа собрани од безбедносните сили”, соопшти израелската армија.

Иако беспилотното летало се приближило до израелската граница од правецот на Јордан, не е целосно јасно дали потекнува оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот