Израелска делегација, во придружба на Џерад Кушнер, во Мароко за надградба на билатералните односи

epa08899896 A handout photo made available by U.S Embassy in Morocco of a US-Israeli delegation led by U.S senior White House advisor Jared Kushner (2-R) and Israel's National Security Adviser Meir Ben-Shabbat (R) being welcomed as they arrive in Rabat's Airport in Rabat, Morocco, 22 December 2020. The US-Israeli delegation will meet King Mohammed VI as part of efforts to boost normalization talks. The visit comes less than two weeks after Morocco joined a number of Arab countries to start normalizing relations with Israel. EPA-EFE/U.S EMBASSY IN MOROCCO HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Израелски дипломати вчера пристигнаа во Мароко на средба со кралот и  да ја подготват надградбата на билатералните односи меѓу двете земји, по договорот за нормализација со посредство на САД.

Британските медиуми наведуваат дека делегацијата, предводена од советникот за национална безбедност, Меир Бен Шабат, е придружувана и од Џеред Кушнер, зетот на претседателот Трамп и творец на идејата за панарапско приближување кон Израел.

Делегацијата пристигна во Рабат од Тел Авив со првиот директен лет на „Ел Ал Израел ерлајнс”, што беше воведен на оваа дестинација по склучувањето на договорот за нормализирање на односите.

-Договорот постигнат со посредство на САД е клучен чекор кон воспоставување регионален мир и стабилност, рече кралот на Мароко, Мохамед Шести по разговорите со Бен Шабат и Кушнер.

Кралската палата го потврди својот став за поддршка за изнаоѓање на заедничко решение за израелско-палестинскиот конфликт и ги истакна нејзините блиски врски со мароканската еврејска заедница.

Мароканските и израелските власти потпишаа договори за поврзување на авијацијата и финансиските системи, управување со водите и укинување на визите за носителите на дипломатски пасоши.

-Нема граници за соработка … во областа на авијацијата, иновациите, здравството, земјоделството. Како пријатели и партнери, ќе придонесеме за промени во регионот, рече Бен Шабат.

Шабат го покани мароканскиот крал да го посети Израел, наведе кабинетот на израелскиот премиер.

Покрај тоа, потпишан е договор според кој американска Меѓународната финансиска корпорација за развој ќе понуди три милијарди долари за поддршка на приватните инвестиции во Мароко и субсахарска Африка во соработка со марокански компании.

Мароко е четврта арапска земја што склучи договор за нормализирање на односите со Израел, по Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Судан. Склучувањето на договорот беше со посредство на САД, кои по овој чин го признаа суверенитетот на Мароко над Западна Сахара.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот