Израелците обвинети за групно силување на млада Британка во Кипар денеска се појавија пред суд

Кипар/ Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Во Кипар започна судењето на петмина Израелци обвинети за групно силување на 20-годишна Британка минатиот месец.

Нападот, според обвинението, се случил во хотел во Аја Напа, популарно туристичко место. Судницата во Фамагуста, северно од Аја Напа, била исполнета со роднини на обвинетите кои се појавиле како поддршка.

Сите обвинети се на 19 или 20 години и потекнуваат од израелскиот арапски град Мајд ал-Крумах. Сите ги негираат обвинувањата. Нивните адвокати на денешното рочиште се пожалиле дека се уште не ги виделе клучните докази, меѓу кои и извештајот од ДНК анализата.

Еден од нив тврдел дека извештајот може да покаже дека неговите двајца клиенти не биле во собата за време на наводниот напад на 3 септември. Државниот обвинител рече дека извештајот за ДНК ќе биде готов до крајот на денот.

По прекинувањето на дискусијата, семејствата на обвинетите притрчале да ги гушнат, а едно од лицата видно плачејќи ја прегрнало својата мајка. Поранешната кипарска парламентарка Скеви Кукума, исто така, присуствувала на сослушувањето со членовите на водечкото женско движење Пого.

Кукума рече дека тие се таму за да испратат порака дека „жртвите треба да чувствуваат дека можат да зборуваат и дека може да им се верува“. „Тие не се сами“, додаде таа. Судењето продолжува на 16 октомври.

Израелското Министерство за надворешни работи првично соопштило дека за наводниот напад биле уапсени шестмина граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот