Изменет сообраќаен режим утре во Скопје

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

 Во Скопје утре ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово.Од  тие причини, информираат од МВР,  Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Секторот за внатрешни работи  Скопје апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници со цел непречено одвивање на сообраќајот.

Придобивките, како што посочи министерот  Хоџа, од средбите се подобрување на трговската размена, подобра комуникација на граѓаните и бизнисот од двете страни, проекти од заемен интерес и подобра меѓугранична соработка.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот