Изложба во МКЦ: „Архиметрии“ на Андријана Тилиќ

Првата самостојна изложба на фотографии на архитектот и архитектонски фотограф Андријана Тилиќ е со наслов „Архиметрии“ и ќе биде отворена на 25 ноември во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ). Изложбата има уметничко-истражувачки карактер и ја афирмира естетиката на архитектонската фотографија.

Проектот има за цел да го истражи архитектонскиот јазик на модерната, но и на современата архитектура, воопшто, да ја предочи заемната длабока врска на фотографијата како медиум и архитектурата, да ги истакне посебноста и значењето на архитектонската фотографија, како релевантен визуелен медиум, како и промовирање и документирање на архитектонското домашно и странско наследство.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 57, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот