Изложба на скулпторот Синиша Новески ќе биде поставена во галеријата „Метаноја“

Синиша Новески / Фотографија: Галерија „Метаноја“

Галеријата „Метаноја“, во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“, го најави отворањето на изложбата „Патина на љубовта“ на скулпторот Синиша Новески, што ќе се одржи на 15 февруари (четврток), од 19 часот, на ул. „Максим Горки“ бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае до 6 март оваа година.

На отворањето на изложбата ќе се обратат рецензентот д-р Коста Милков, директорката на галеријата „Метаноја“, м-р Нада Милкова, и авторот на делата Синиша Новески.

– Скулпторот Синиша Новески со овој избор на дела за изложбата „Патина на љубовта“ зборува со уметнички јазик за животот и за љубовта, како главен двигател. Соочувајќи се со неговите четиринаесет скулптури и „исчитувајќи“ го поттекстот на творештвото на Новески може да се заклучи дека тој го разбира животот како „патина на љубовта“, а неговиот уметнички израз е посветен на „претставување“ и толкување на ова најголемо животно „таинство“ – истакнува рецензентот д-р Коста Милков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот