Изложба на младата графичарка Ана Трајковска е поставена во Струга

Дело од Ана Трајковска

Во организација на НУЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга до 13 јули е поставена изложбата со наслов „Тоа е што е“ со петнаесетина графики од младата графичарка Ана Трајковска.

Изложбата е сместена во локалот „На Струга Дуќан“ во Чаршијата во Струга. Станува збор за петто самостојно претставување на авторката. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Aна Трајковска е родена 1995 година во Скопје. Таа е дипломиран графичар во класата на проф. м-р. Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставрација. Магистрирала на истиот факултет во 2021 г. кај проф. Зоран Јакимовски, смер графика.

Главно е насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде. Експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника и интегрирајќи ја со други медиуми и визуелни форми, истовремено трагајќи по начини да ја оддалечи од нејзиното традиционално восприемање.

Досега има освоено награда од ДЛУМ за изложбата „Нови енергии“ во 2021 година, а добитник е и на награда за најдобра графика од Агенцијата за млади и спорт на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот