Излезе „Културен печат“ број 209 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 209

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 209, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (16-17.12.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Јасмина Шопова од фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“: Небиднината на Шопов сите ја чувствуваме

– разговор со театарската режисерка Сибел Абдиу: Физичкиот театар како форма најмногу ми „лежи“

– независната театарска продукција „Пресврт“ премиерно ја изведе претставата „Младоста последна умира“ во новиот културен простор „Лабораториум“

– концептуалната изложба „Фауната во колекцијата на Националната галерија“ е поставена во „Мала станица“

– во КИЦ – Скопје е поставена 6. Меѓународна „Екс либрис изложба Скопје 2023“ на која се претставени стотина графички дела од разни делови од светот

– стрип-издавачот „Бункер“ го објави графичкиот роман „Везење“ од француско-иранската авторка Марџан Сатрапи

– промовиран е новиот роман со наслов „Живот без сведоци“ на познатата авторка и поетеса Наташа Сарџоска

– новата „Галерија Матица“ е отворена со изложба на пејзажи од Павле Кузмановски изработени во техниката акварел

– изложбата „Лендскејп експириенс“ (Landscape Experience) на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска е поставена во НУ Завод и Музеј Битола

– објавена е двотомната збирка со интервјуа со тематски наслов „Словенија и Македонија: калеидоскоп на пријателство и дипломатија“ на новинарот Свето Стаменов

– во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје на 12 декември беше промовирана стихозбирката „Патот на водата“ од Гордана Каракашевска

– од печат излезе романот „Ти си поезија“ од францускиот театролог Патрис Павис во издание на „Перун Артис“ и во превод од француски јазик на Катица Гароска Ацевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот