Излезе „Културен печат“ број 165 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 165, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (4-5.02.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со новинарот, политиколог и публицист Свето Стаменов: Во Радио Скопје ги доживеав своите ѕвездени журналистички мигови

– разговор со театарскиот режисер Ќендрим Ријани: Работата со актерот е главната задача на режисерот

– добитничка на наградата „Андреја Дамјанов“ на Асоцијацијата на архитектите на Македонија е архитект Зорица Блажевска

– перформансот „Приказни од куќата на Дилејн Ле Бас“ беше изведен во Музејот на современата уметност во Скопје

– Министерството за култура, во соработка со МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, распиша „Конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст“

– музичкиот фестивал „Земјотрес“ на 4 февруари во МКЦ е ултимативен настан со неверојатно квалитетна и разновидна понуда

– проектот „Танц.Трансформатор“ тргнува на национална турнеја со новосоздаден танцов перформанс

– во Националната опера и балет, на 4 февруари, ќе се одржи концертот „Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“

– промовирана е монографијата „Кодот на Преспа, Приказна за ’загубениот пат‘“ од новинарот Борјан Јовановски, во издание на Хелсиншкиот комитет за човекови права

– издавачката куќа „Или-Или“ во едицијата „ПРОаЗА“ го објави краткиот роман „Зашеметен“ од познатиот швајцарски писател Лукас Берфус

– книгата „Поли“ од еминентниот писател, поет и драмски автор Трајче Кацаров е збирка од три драми за деца

– роденденот на познатиот ирски писател Џејмс Џојс на 2 февруари беше одбележан со промоција на книгата „Џакомо Џојс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот