Изгубено во пошта 27 години: Британка конечно го доби писмото испратено до неа во 1997

Фото: Instagram / BBC

Алфи Мелејал од Велика Британија, која сега има 60 години, го доби писмото испратено до неа уште во 1997 година, откако Би-би-си ја објави информацијата за речиси 27-годишното доцнење.

Писмото било испратено по разделбата на Алфи со нејзината тогашна партнерка Менди, во која била напишана порака од мајката на Менди, изразувајќи тага поради нивното раскинување и надеж за продолжување на пријателството меѓу двете млади девојки.

Фото: Instagram / BBC

Алфи била шокирана кога го добила писмото, не знаејќи дека воопшто постои по сите овие години.

„Отпрвин мислев дека е шега, но кога го добив писмото бев возбудена и кога дознав од кого е навистина бев трогната. Многу сум среќна што го добив“, изјавила таа.

Џеки Хил, жената која сега живее на таа адреса, признала дека била „шокирана“ кога во нејзиното поштенско сандаче неочекувано се појавило писмото.

„Не сфатив дека има поштенски печат од 1997 година додека некој не ми посочи, па бев шокирана. Мислев дека тоа можеби е важно за неа (Алфи) и многу сум среќна што успеав да стигнам до неа“, рекла Џеки Хил.

Фото: Instagram / BBC

Нудејќи можно објаснување, портпаролот на британската пошта рекол дека картичката најверојатно повторно влегла во поштенскиот систем во одреден момент, наместо дека била изгубена скоро 27 години. И покрај доцнењето од поштата објасниле дека „даваат сè од себе“ за да ги достават сите пратки.

„Штом пратката ќе биде во поштенскиот систем, тогаш ќе биде доставена на адресата на писмото“, објаснил портпаролот.

Скоро три децении подоцна, Алфи открива дека сè уште е во контакт со Менди и се среќава со неа барем еднаш годишно, така што сè што било посакано во писмото се остварило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот