Ивановски: Досегашниот економски модел генерира економски раст, но притоа еколошки загадува

Едната е да има економски раст што подразбира индустрија, од друга страна имаме тенденција за намалување на загадувањето и поголема свесност на сите жители на планетата за еколошките проблеми, рече во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Филип Ивановски, директор на „Пакомак“.

Одамна отпадот во светот не е загуба, напротив станува вносен бизнис. Светот се соочува со две контраверзии на својот развој. Затоа во Давос се среќаваат светските лидери – една е климатските промени, друга е како капитализмот да се вграничи во перцепцијата на луѓето а притоа да не биде репродуктор на отпад кој почнува да ја загрозува и околината и менталниот склоп, како и да не ги храбри и бодри новите „мафијашки“ бизниси, истакна во гостувањето во „Утрински брифинг“ директорот на „Пакомак“, Филип Ивановски.

– Овие две тенденции веројатно ќе се гледаат и во наредните години. Едната е да има економски раст што подразбира индустрија, од друга страна имаме тенденција за намалување на загадувањето и поголема свесност на сите жители на планетата за еколошките проблеми. Тие две рабои во моментов се во коализија. Досегашниот економски модел генерира економски раст, но притоа загадува, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ , Филип Ивановски, директор на „Пакомак“.

– За да имаме економски раст, а во исто време и здрава еколошка средина мораме да вложуваме во технологии штоќе генерираат чиста енергија, мора д аимаме технологии што се почисти и поскапи и тоа на крај ќе резултира да имаме прозиводи кои ќе бидат поскапи. За споредба, ако погледнете кои се најеколошки земји во мометов, тоа се скандинавските земји, Швајцарија, и ако видите кои се цените на производите таму, одма ќе може да поврзете зошто ова го говорам. Таму граѓаните двојно поскапо плаќаат за пиво, за ручек итн…- вели Ивановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот