Ивановска: Сестрата на Катица Јанева доставила документи после 7 дена, а е без соодветно работно искуство

Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, рече дека не добиле потврда или записник, било каков документ од владата за работата на комисијата за именување која има надлежност да го разгледува прашањето од областа на кадровската политика, во врска со сестрата на Катица Јанева, Лиле Делиџакова, која е вработена во Комисијата за хартии од вредност.

-Го разгледавме целиот избор на членовите на Комисијата. Не добивме записник или акт за работата на оваа комисија. Утврдивме дека не е направена административна контрола на документацијата затоа што владата донела одлука да го предложи лицето како членови во Комисијата за хартии од вредност, а после 7 дена таа ги доставила другите документи кои што недостигале во сетот. Како соопштение, стоело дека апликациите со нецелосни документи нема да бидат воопшто разгледани- изјави Ивановска.

Тие побарале од Државниот управен испекторат да изрши увид и во записникот стои дека сè е уредно напишано, освен во колоната прилог, каде што не пишува колку документи се поднесени, за да може да се дополнува, тука е целиот застој.

-Нејзиното претходно работно искуство било дека е работник во Царина за издавање на фактури, во трговска фирма, без соодветно искуство, а се бараше економски експерет- вели Ивановска.

Без потребна документација сестрата на Јанева избрана за член на Комисијата за хартии од вредност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот