Без потребна документација сестрата на Јанева избрана за член на Комисијата за хартии од вредност

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Сестрата на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, Лиле Делиџакова била избрана за член на Комисијата за хартии од вредност без потребната документација, обелодени Државната изборна комисија која ќе бара од новата Влада повторно преоценување на комплетната постапка за избор на членови и претседател на Комисијата за хартии од вредност.

Ќе биде побарано да се утврди одговорност и да се преземат санкции за лицата кои не запазиле рокови и зошто не е формирана комисија за административна проверка на добиените пријави, како и зошто владината Комисија за именување не си ја завршила работата, но и да се види кој е одговорен за незаконско постапување и непримена на процедурите пропишани со закон и да се утврди одговорност.

– Тоа е она што постојано го коментираме за системска корупција, кога корупцијата се јавува во највисоките нивоа на државните органи, што останува за корупцијата во другите органи. Се е по Устав и по закон, но ништо не е правилно, а наше е да го обелодениме сето тоа, рече Катица Николовска од ДКСК.

Според неа, најинтересен е изборот за член на КХВ на Лиле Делиџакова сестра на Катица Јанева, за која дел од документите што ги има доставено во апликацијата се со датум подоцна од датумот до кој требало да се достават до Владата. Владата ја избрала без да биде обезбедена целокупната потребна документација согласно Законот за хартии од вредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот