Итно примен во болница Жан-Мари Ле Пен, 94-годишниот француски политичар е во тешка состојба

Фото: Wikimedia / staffpresi_esj - https://www.flickr.com/photos/politiqueaunord/402109666/

Жан-Мари Ле Пен (94), основачот на екстремнодесничарската француска партија Национален фронт (ФН) и татко на повеќекратната претседателска кандидатка Марин Ле Пен, е примен во болница во тешка состојба, пренесоа француските медиуми.

Според извештаите, на Ле Пен му се слошило вчера попладнето и бил пренесена во болница во парискиот регион. Неговата состојба е сериозна, а според лекарот причината може да биде срцева слабост.

Тој лани беше во болница откако доживеа благ мозочен удар.

Ле Пен беше долгогодишен лидер на партијата ФН, пред да биде избркан од членството од сопствената ќерка во 2011 година, поради неговите контроверзни изјави во врска со Евреите и нацистичките концентрациони логори во Втората светска војна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот