Итно ќе се вакцинираат пациентите на дијализа и тие што имале трансплантација

Коронавирус Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација во пунктот во СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пациенти на дијализа и оние кои имале трансплантација, ќе бидат приоритетни за вакцинација и планот за нивното приоритетизирање ќе се направи до крајот на неделава, најави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на прашањето на Слободен печат како се оправдува логиката владини советници кои се млади и со прележан ковид да бидат вакцинирани пред хронично болните.

– Се прават списоци врвно и приоритетно да се вакцинираат трансплантираните и пациентите на дијализа и верувам дека тоа ќе се заврши до викендот. Сите останати вработени во институциите се според планот за критична инфраструктура. Многу поголем број на вакцини има за постарите и хронично болни а еден помал дел за институциите, рече Филипче.

За другите хронично болни, приоритет нема да има според нивната дијагноза, туку ќе се чека да им дојде редот според возраста.

Засега нема да има ниту отворени вакцинални пунктови, каде граѓаните ќе може да одат да се вакцинираат без термин, како што тоа го прави Србија. Владата не планира ниту мотивација на граѓаните со парични средства, ваучери како што тоа го прави Србија деновиве, со цел да привлече што поголем број граѓани да се имунизираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот