Италијански весник пишува за скандалот во кој е вмешан генсекот Рашковски

Во еден италијански весник изутринава бил објавен текст со наслов: „Тендер за Лепонардо: Цигани како нас“, кој се однесува за скандалот за наводно местење на тендер од седум милиони евра за набавка на систем за управување со воздушниот простор на М-НАВ, а во кој е вмешан генсекот Драги Рашковски.

Во текстот се посочува на дел од содржината на снимениот разговор за кој што генералниот секретар на владата Драги Рашковски потврди дека гласот кој што се слуша е негов.

Весникот Ла Верита додава дека во Македонија се пуштаат тајни аудио снимки од разговори за „порамнување на сметките“.

Во весникот е објавена фотографија од Заев, каде тој не е насловен како премиер, туку како економист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот