Италијанската премиерка Мелони пристигна во Либија

Фото EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска престојува во државна посета на Либија, а главни теми на нејзините средби со претставници на прозападната либиска влада ќе бидат снабдувањето со енергија и миграцијата, како приоритети за ЕУ ​​и Италија.

„Со строги безбедносни мерки Мелони слета во главниот град на Либија, Триполи, во придружба на министрите за надворешни и за внатрешни работи на Италија, Антонио Тајани и Матео Пјантедоци”, соопшти кабинетот на италијанската премиерка.

Се очекува Мелони да разговара со премиерот Абдел Хамид Дбеибех и со претседателот на Претседателскиот совет на Либија, Мухамед Јунис Менфи.

Се претпоставува дека при нејзината посета италијанската државна компанија „Ени” ќе потпише договор за кој шефот на либиската Национална нафтена корпорација, Фархат Бенгдара, изјави дека ќе биде вреден 8 милијарди долари.

Мелони во последните две недели ги посети Тунис и Алжир, а целта на нејзината северноафриканска турнеја е потрагата по алтернативни извори за снабдување со природен гас, кој треба да го замени гасот од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот