Италија: Сенатот утре ќе расправа за недоверба на владата

Утре во полн состав Сенатот во Италија ќе се состане за да го разгледа предлогот за изгласување недоверба на владата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Сенатот седницата ќе ја почне утре во 18 часот.

Кризата минатата недела ја почна министерот за внатрешни работи и лидер на партијата Лига, Матео Салвини, кога отворено побара органиизрање предвремени избори наведувајќи дека Италија веќе нема владеачко мнозинство.

Политичките партии во Италија се поделени за тоа како работите треба да се одвиваат, а Лигата на Салвани смета дека треба што поскоро да се одлучи за тоа изборите да се одржат есенва.

Коалициските партнери на Лигата во владата, пак, движењето Пет ѕвезди и Демократската партија сметаат дека работите не треба да се забрзуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот