Италија се соочува со можен проблем: Недостасуваат дози на анти-ковид вакцини, „Фајзер“ ги намалил испораките

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

„Фајзер“, производител на единствената вакцина што се користи во Италија, го намали обемот на испорачани колични во една од најпогодените држави со коронавирусот во Европа. Весникот „Ил Месаџеро” објави дека производителот „Фајзер” самостојно и самоиницијативно одлучува за кои италијански региони ќе се намали бројот на испорачани дози на анти-ковид вакцината.

Весникот пишува дека поради тоа е доведена во прашање втората задолжителна вакцинација на оние кои веќе ја примиле првата доза, а доколку не бидат навреме вакцинирани по вторпат, првиот дел од вакцинацијата ќе биде изгубен.

Весникот, исто така, открива дека во таков случај, државите кои имаат потпишано договори за набавка на вакцината на „Фајзер“ не можат да влијаат врз динамиката на испорака, бидејќи тоа не е предвидено во договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот