Истражување: БиХ губи 200 милиони евра годишно поради нелегален тутун и цигари

unsplash

Босна и Херцеговина губи околу 200 милиони евра годишно поради нелегалниот пазар на тутун, кој главно се однесува на употребата на режан тутун и цигари незаконски увезени од Косово, покажува истражувањето на ИПСОС спроведено меѓу корисниците на тутун, пренесува Хина. Според резултатите од тоа истражување, објавени од „Независне новине“, и покрај големиот број акции спроведени од полициските агенции и обвинителства, околу 35 отсто од пазарот на тутун во таа земја е нелегален.

„Она што е особено загрижувачко е што шверцерите пронајдоа нови канали за дистрибуција, а нелегалните цигари од Косово или без даночни марки стануваат се почести на пазарот во БиХ“, изјави економскиот аналитичар Фарук Хаџиќ. Истражувањето на ИПСОС покажа дека во текот на минатата година вкупната потрошувачка на нелегален режан тутун изнесувала 2.019 тони. Поради ова, БиХ годишно губи околу 400 милиони марки (околу 200 милиони евра) приход, што е еквивалентно на половина од парите потребни за изградба на најдолгиот тунел долг 11 километри на автопатот на коридорот низ планината Прењ, која треба да ја поврзе Херцеговина со Босна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот