Истражување: Трамп можеше да ги спречи повеќето смртни случаи од коронавирусот ако реагираше порано (ВИДЕО)

Фото: EPA / PETER FOLEY

Истражувачите предвидуваат слични последици ако се доцни со повторно воведување заштитни мерки во случај на втор бран епидемија, ако до него дојде по укинувањето на мерките.

Дали САД имплементираше мерки за социјално дистанцирање, колоквијално наречени карантин, само една недела претходно, можеше да спречи повеќе од половина од случаите на зараза (62%) и смрт (55%) од новиот коронавирус, според извештајот на научнциите од Универзитетот Колумбија.

Заштитните мерки да беа воведени два дена претходно (1. март), според истото истражување кое го водеше епидемиологот Џефри Шамна, можеа да се спречат дуир 81% од случаите и дури 83 % од смртните.

За потсетување, во САД до денес службено се потврдени повеќе од милион ипол случаи на зараза од коронавирус и повеќе од 95.000 смртни случаи. Овие бројки се далеку најмногу на свет, иако САД се дури трети по бројот на жители и зафаќа дури 4% од светската популација.

„Нашите резултати ја нагласуваат важноста на раната интервенција и агресиниот одговор во контролирањето на пандемијата на ковид-19“, заклучуваат истражувачите во својот извештај, објавен на специјализираниот сервер за медицински трудови кои се уште не се објавени во стручните списанија MedRxiv.

Ова истражување, кое се уште нема поминато стручна рецензија, се темели на податоци за пријавени случаи и смртни по американските општини, на податоците за мобилност на луѓето и на епидемиолошкиот модел на кој се пресметуваат промените во стапката на трансмисија, односно заразата од 15. март до 3. мај за да се утврди учинокот на социјалното дистанцирање во сузбивањето на епидемијата.

Една недела порано карантинот ќе спречеше 36 илјади смртни случаи, две недели порано 54 илјади

Во тој период во САД се потврдени околу 65.000 смртни случаи. Да беше воведено социјалното дистанцирање недела дена порано, тој број според овој модел би бил околу 29 илјади. Да било воведено две недели порано, бројот би бил само 11 илјади.

Американскиот претседател Доналд Трамп дури на 16. март ги повика американските граѓани да го ограничат своето патување, да избегнуваат собирања во групи и да не ги праќаат децата на училиште. Пред тоа со недели нападно се намалуваше опасноста од коронавирусот, лажно тврдејќи дека ситуацијата е под контрола и дека бројот на случаи ќе се спушти „близу нула“, иако тоа е контрадикторно со основните епидемиолошки примероци.

Во Њујорк, градот далеку најпогоден со епидемиајта во целиот САД, училиштата се затворени на 16.март, а гувернерот Ендрју Куомо издаде наредба за останување дома на 22 март. Токму градоначалниците и гувернерите на сојузните држави издадоа такви наредби и слични регулации, додека мерките на сојузните власти, односно администрацијата на Трамп, останаа на незадолжителните препораки.

Но, мерките и во Њујорк очигледно беа донесени предоцна, што, заедно со целосната неподготвеноста на сојузните власти за масовно тестирање и недостаток на заштина опрема за болничкиот персонал беше рецепт за катастрофа.

Моделот пресмета промени во заразеноста со коронавирусот со оглед на мерките

Истражувачите, воопшто не изненадени, утврдија значајно намалени основни репродуктивни броеви (просечен број на луѓе кои заразеното лице ги инфицира пред да оздрави или почине, познат како R0) во големите урбани подрачја, што е поврзано со социјалното дистанцирање и другите контролни мерки.

Истражувачите предвидуваат слични последици ако се доцни со повторно воведување заштитни мерки во случај на втор бран епидемија, ако до него дојде по укинувањето на мерките. Тој втор бран може лесно да излезе од контрола ако надлежните служби внимателно се ги следат новите заразени и на време да ги „гаснат“ новите жаришта, пишува Њујорк Тајмс.

Тоа е посебно заначајно зошто сите овие 50 американски сојузни држави во помала или поголема мерка почнаа повторно да се „отвораат“.

Овие научници така ги потврдија раните предупредувања на бројни свои колеги – дека навремената реакција на епидемијата на вака висока заразност е клучна и дека и краткото одложување може да доведе до неверојатно влошување на ситуацијата и експоненцијален раст на епидемиолошката крива.

„Тоа е голема, голема разлика. Тој мал момент, фаќање во таа рана фаза, неверојано е критичен за намалување на бројот на смртни случаи“, истакна Шаман во разговорот за Њујорк Тајмс.

Сепак, Шаман и колегите во својот труд признаваат дека не може да знаат како граѓаните би реагирале на раното воведување мерки. „Согласноста на јавноста со правилата за социјално дистанцирање може исто така да доцни поради субоптималната свесност за ризикот од заразата“, наведоа тие.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот