Истражување: Австријците сакаат да се врати задолжителната обврска за носење маски

Фото: ЕПА

Поголемиот дел од Австријците, односно 59 проценти од нив, сакаат да се врати обврската за носење заштитни маски, покажува истражувањето објавено од весникот „Естерајх”.

Од друга страна, 41 процент се против задолжителното носење маски.

Во Австрија, во моментов, задолжително е да се носи маска само во јавниот превоз.

Од анкета се гледа дека за задолжително носење маска се 63 отсто од испитаните жени и 56 проценти од анкетираните мажи.

Исто така, според анкетата, 64 отсто од граѓаните се за построги контроли и казни за непочитување на мерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот