Мајката и двете деца од Германија починаа од труење во Истанбул/Фото: Фејсбук

Истрагата покажа: Семејството Бочек почина од труење со фосфин во Истанбул

Обвинителството во Истанбул го доби извештајот од обдукцијата на четирите члена на турско-германско семејство, во кој е наведено дека тие починале како последица на труење со фосфин.

– Не се пронајдени траги од отров во крвта, во желудникот или во храната што ја консумирало семејството, додека е откриено силно присуство на фосфин – пренесува новинската веб-страница Т24 и приватната телевизија Халк, повикувајќи се на извештајот на Институтот за судска медицина. „Пронајдени се цврсти докази што укажуваат дека семејството Бочек починало поради фосфин“, додадоа тие.

Извештајот се чини дека потврдува дека антипаразитското прскање извршено во хотелот каде што престојувале родителите и двете деца, може да биде причина за смртните случаи: „Пронајдени се докази дека хотелот го користел овој хемиски производ“.

Токсичен инсектицид

Фосфинот, познат и како фосфор хидрид или алуминиум фосфид, е многу токсичен инсектицид за луѓето и за цицачите. Во гасовита состојба, влегува во телото преку вдишување, дистрибуирајќи се главно во црниот дроб, во нервниот систем и во срцето, објаснува ИНРС, Француски институт за здравје и безбедност при работа, на својата веб-страница.

ИНРС предупредува дека „изложеноста преку вдишување високи дози на фосфин, предизвикува сериозни невролошки, респираторни и кардиолошки оштетувања што може дури и да доведе до смрт на пациентот“.

Четворицата членови на семејството Бочек починаа во рок од неколку денови – децата, на возраст од 3 и од 6 години, потоа мајката, а потоа и таткото откако се разболеа на 12 ноември.
Труење со храна првично беше пријавено како причина за смртта, по семејната посета на туристичката населба Ортакој, каде што родителите и децата јаделе популарни јадења.

Истанбулското обвинителство отвори истрага поради сомнение за труење со храна. Сепак, оваа верзија брзо беше отфрлена. Турските медиуми објавија „хемиско труење во хотелот каде што престојувало семејството“, кое, според медиумите, морало да се бори со наезда од бубачки.

Производот наводно ја контаминирал семејната соба, која се наоѓала погоре, преку отворот за тоалет. Хотелот е затворен, а 11 лица биле уапсени.

Уште двајца туристи завршија во болница со симптоми на труење во Истанбул по смртта на мајката и двете деца

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот