Историски самит: Бајден и Путин сепак може да одржат состанок во трета држава

Џо Бајден и Владимир Путин / Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Претседателот на САД, Џо Бајден во телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин предложил да одржат состанок во трета држава, соопштија од Белата куќа.

-Претседателот Бајден ја потврди својата цел: Изградба на стабилни и предвидливи односи со Русија кои се соодветни со интересите на САД и предложи одржување на состанок-самит во трета држава во наредните месец дена заради разговор за цел спектар на прашања со кои се соочуваат САД и Русија, се наведува во соопштението.

Два американски воени бродови треба да пристигнат на Црното Море оваа недела, што претставува знак на поддршката што администрацијата на претседателот Бајден и ја дава на Украина. Се повеќе се стравува дека рускиот претседател Владимир Путин размислува за напад врз соседот Украина. Москва започна со распоредување на руски воени сили, тенкови и ракети долж границата со Украина.

ВИДЕО | Андоновиќ: На раб на конфликт – Русите распоредија воени сили, САД испратија два воени брода

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот