„Ист Гејт Мол”: Заканата за поставена бомба е лажна

Трговскиот центар „Ист Гејт Мол” преку своите социјални мрежи ги информираше закупците и потрошувачите дека се завршени безбедностните проверки од страна на надлежните институции, при што, како што велат, утврдено било дека доставената закана за поставена бомба е неверодостојна.

Од Трговскиот центар информираат дека молот продолжува со редовниот режим на работа согласно утврденото работно време.

„Ист Гејт Мол” се зблагодаруваат на надлежните институции за брзата и навремена реакција.

ФОТО+ВИДЕО: Попушти автобуската блокада на Скопје, зајакна полициската поради дојавите за бомби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот