Исповед на Алексадар Обрадовиќ за аферата „Крушик“

Фото: Неделник.рс

Александар Обрадовиќ е човек кој го задрма светот. Неговото откритие за аферата „Крушик“ е еден од најважните настани кои ја одбележаа изминатата година во Србија. Во оваа афера јавно станаа видливи многу злоупотреби во системот за набавки на воено-наменската индустрија.

Во автентични документи се евидентирани сите привилегии што ги ужива финансиерот на СНС, Слободан Тешиќ, лица кои се наоѓаат на американската „црна листа“, како и Горан Тодоровиќ, сопственик на фирмата ГИМ, кој е во блиски деловни односи со таткото на министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

Тоа укажуваше на уништување на државните компании со регрутирање партиски фирми, но и ароганција на избраните претставници на владејачката партија и огромното збогатување на оние кои наводно биле способни да ја решат проблематичната српска наменска индустрија.

Личноста која го започна сето тоа, е познатиот историски аналитичар Александар Обрадовиќ (40), пишува српски „Неделник“.

Било 25 октомври 2018 година кога Обрадовиќ ја гледал на телевизија седницата српскиот Парламент и говорот на  министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ. Министерот, негирајќи ги обвинувањата за трговија со оружје, рече дека неговиот татко не продал ниту еден куршум.

-Тоа ме поттурна. Ги имате сите информации во вашата глава и повеќе не можете повеќе тоа да го гледате. Можеби не сум размислувал на вистинскиот начин за последиците врз семејството, можеби требаше да бидам поодговорен, но тоа беше крик на совеста, толку гласен што сфатив дека нема затворање очи за тоа- вели Обрадовиќ за „Неделник.рс“.

Тој додава дека стигнал до истражување на бугарската новинарка, Дилјана Гајтанџиева и нејзиниот текст.

-Ја контактирав во март оваа година затоа што бев разочаран од тоа  што ништо не се случува- вели Обрадовиќ.

Во дена видел идеалист, кој се бори против ставање крај на оружјето на боиштата, но го придобила кога му раскажала како во Сирија, за малку ќе загинела од ракета со бугарско производство, која паднала речиси до неа. Покрај тоа, таа му испратила слики од  деца кои се убиени во Јемен од мини од „Крушик“.

-Ова е уште една причина која ме охрабри да откријам сè. Па, дали овие оружја од мојата фабрика треба да завршат на тие територии? Знам дека ќе се купат од друга фабрика, ако не од нашата, но никогаш досега не сум го имал тој приговор совесно. Не размислувате на тој начин додека не гледате што тој предизвикува. Знаете дека пиштолите не смеат да бидат таму, дека државата треба да ја прекине испораката, но знаете дека 11-12.000 луѓе живеат од тоа. Размислувате што да направите, но сликите на тие деца секогаш преовладуваат- вели Обрадовиќ за „Неделник.рс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот