Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул

Исламската држава / Фото: Архива на Слободен печат

Терористичката организација ИД ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад пред зградата на авганистанското Министерство за надворешни работи во Кабул.

Aмак, пропагандниот медиум на ИД, на Телеграм објави дека член на нивната организација „успеал да помине контролен пункт” на талибанците и „потоа го активирал својот експлозивен појас меѓу персоналот и чуварите додека тие излегувале низ главниот влез” на министерството, убивајќи повеќе луѓе, „вклучувајќи дипломати”.

Полицијата соопшти дека во нападот загинале пет лица, а извор од Министерството за информации претходно изјави дека животот го загубиле 20 лица. Локалната болница прими 40 повредени во нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот