Исклучен кандидат на Нова демократија зашто изјави дека „Грција не може веќе да ги трпи мигрантите крадци“

Грчкиот Парламент во Атина / Фото: EPA-EFE/CHRISTINA ZACHOPOULOU

Кандидатот за пратеник на грчката конзервативна партија, Нова Демократија, Спилиос Крикетос синоќа е исклучен од партијата поради расистичка изјава за мигрантите од потонатиот брод во Јонско Море.

Крикетос изразувајќи жалење поради смртта на најмалку 78 луѓе во бродската несреќа, истакна дека Грција „не може повеќе да ги толерира мигрантите“, обвинувајќи ги дека поголемиот број од нив се крадци.

Неговата изјава предизвика незадоволство кај опозициската левичарска партија Сириза и побара од Нова демократија да го исклучи Крикетос.

Конзервативната влада на Кирјакос Мицотакис, која беше на власт четири години (2019-2023), водеше строга миграциска политика, нагласувајќи ја безбедноста на земјата и ги затвораше границите за мигрантите.

Медиумите и невладините организации постојано ја обвинуваат Грција дека илегално ги враќа мигрантите во Егејско Море, туркајќи ги назад кон Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот