Исени за прво место на Шкупи во Првата лига

Фото: facebook.com/ShkupiFC/

Во својот 10 натпревар оваа сезона во најсилниот шампионат тимот од Чаир ја забележа и седмата победа.

На домашен терен со минимален резултат 1:0 успеа да го совлада Силекс. Стрелец на единствениот гол беше Бесар Исени во 53 минута од средбата.

Со овие три бода играчите предводени од тренерот Умит Каран се искачија моментно на првото место со 22 бода, еден повеќе од Шкендија.

Во наредните мечеви Шкупи на 1 ноември ќе игра на гостински терен против Работнички, а истиот ден Силекс е домаќин на Македонија ЃП.

10 рунда ќе биде комплетирана со одигрувањето на останатите пет средби в недела, 25 октомври (14.30 часот): Беласица-Борец, Македонија ЃП-Академија Пандев, Пелистер-Струга Трим Лум, Шкендија-Работнички и Вардар-Ренова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот