Исчезнатата жена од тетовското село Пршовце се вратила дома

Четириест и осум годишната Џемиле Хасани од тетовско Пршовце се вратила дома три дена откако во полицијата беше пријавено нејзиното исчезнување.

Братот на жената пријавил во СВР Тетово дека Џемиле е дома и нема потреба да се води како изчезната.

Таа од дома излегла во понеделникот 6-ти мај, а во семејната куќа во тетовско Пршовце се вратила во четвртокот околу 11 часот.

СВР Тетово не соопшти детали каде била во текот на трите дена жената за која семејството бараше помош за пронаоѓање со оглед на нејзиното нарушено здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот