Ирански хакери се обиделе да влезат во личната е-пошта на персоналот на СЗО

хакер
Хакер, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Портпаролот на СЗО рече дека организацијата не верува оти обидот бил успешен.

Хакери најверојатно блиски на иранската Влада се обиделе да влезат во личната е-пошта на персоналот на Светската здравствена организација (СЗО) среде пандемијата на новиот коронавирус, изјавија за западни медиуми извори запознаени со тој случај.

Нападите се пример за тоа како СЗО и другите глобални организации станаа мета на дигитални напади бидејќи хакерите бараат информации за пандемијата.  До крајот на март, дигиталните напади против здравствената агенција на ОН двојно повеќе се зголемиле во споредба со почетокот на кризата со коронавирусот.

– Видовме напади кои изгледаат дека се од хакери поддржани од иранската Влада, насочени кон меѓународните здравствени организации генерално преку „фишинг”, рече еден извор, кој работи за технолошка компанија што ја следи криминалната активност во интернет сообраќајот за нападите врз СЗО.

Портпаролот на СЗО рече дека организацијата не верува оти обидот бил успешен.

Иран негираше дека е вмешан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот