Иран обвинува: Израел и Западот сакаат да предизвикаат граѓанска војна во земјава

Хосеин Амирабдолахиан/Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Иран ги обвини Израел и западните разузнавачки служби дека се обидуваат да предизвикаат граѓанска војна во земјата, која моментално е зафатена од најголемите антивладини протести од 1979 година.

„Различните безбедносни служби, Израел и западните политичари кои планираа граѓанска војна, уништување и распаѓање на Иран треба да знаат дека Иран не е Либија или Судан“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Техеран ги обвини западните противници за поттикнување немири низ целата земја, на кои им се придружија Иранците од сите сфери на животот, по смртта на младата Махса Амини на 16 септември.

Иран вчера беше погоден од серија напади. Седум лица загинаа во југозападниот град Изе, во, како што медиумите го опишаа како терористички напад. Во одделен инцидент на насилство, вооружен маж на мотоцикл отвори оган врз неколку припадници на безбедносните сили во централниот град Исфахан, при што уби две лица, а рани осум, според државната телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот