Ирак: Верски лидер повика на големи демонстрации против присуството на САД во земјата

Фото: EPA-EFE/AHMED JALIL

Садр во пораката на Твитер повикува на „ирачки револт“ и „мирни демонстрации на милиони луѓе против присуството на Американците“. Но, тој не го објави датумот на собирот.

Ирачкиот шиитски лидер Моктада Садр денеска повика на големи демонстрации поради американското присуство во Ирак.

– Ирачкото небо и неговиот суверенитет го кршат окупациски сили, напиша Садр на Твитер алудирајќи на неодамнешното убиство со дрон на иранскиот генерал Касим Сулејмани и на вториот човек на ирачките сили Хашад ал Шаби, Абу Махди ал Мохандис во Багдад.

Садр во пораката на Твитер повикува на „ирачки револт“ и „мирни демонстрации на милиони луѓе против присуството на Американците“. Но, тој не го објави датумот на собирот.

Неговиот повик е упатен во време кога во Ирак се одржуваат демонстрации, што почнаа во октомври против ирачките власти, обвинувајќи ги дека се неспособни и корумпирани и против растечкото влијание на Иран.

По убиството на Сулејмани и Мохандис демонстрантите исто така ги осудуваат САД дека ќе го одведат Ирак во хаос.

Ирачкиот Парламент на 5 јануари побара американските трупи да го напуштат Ирак, а проиранските фракции ги нарекоа американските војници окупациски сили.

Демонстрантите исто така да се анулира влијанието на Техеран, кој на убиството на генерал Сулејмани одговори со ракетен напад врз две бази во Ирак, каде се стационирани американски војници.

Додека владејачката гарнитура во Ирак се уште не именувала наследник на премиерот во оставка Адел Абдел Махди и неговата влада.

Во антивладините протести загинаа 460 луѓе, речиси сите демонстранти, а над 25.000 се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот