ИНТЕРВЈУ Младен Ракчевиќ: Михајловски ќе најде решение за Вардар, се радувам и за Металург!

Навистина, секоја играч добива посебен мотив кога игра пред публика, макар тоа би било и пред противничката, вели Ракчевиќ.

Ексклузивно за веб изданието на „Слободен печат“ зборуваше Младен Ракчевиќ, поранешниот играч на Вардар и Металург, вистинскиот борец на пивотменската линија кој остави значајна трага во македонскиот ракомет со своите игри.

Воедно своевремено ги бранеше и боите на најдобрата репрезентација на Црна Гора, а сега се посветува, односно занимава со својата винарија @vinarijarakcevic, Винарија Ракчевиќ.

Не може да ги замисли ракометните натпревари без публика на трибините, според него Вардар заслужува да биде и остане меѓу најдобрите, а воедно се радува што и кај Металург повторно се буди желбата за големи резултати. Повеќе прочитајте во продолжение…

Како вие ја гледате оваа ситуација со пандемијата на Ковид-19, многу спортски и ракометни натпреварувања се откажани. Сметате ли дека наскоро ќе се врати спортот каков што го знаеме и секако со навивачите на трибините, иако експертите велат дека е многу рано да се предвиди и дека здравјето е на прво место, како и секогаш?

– Голем проблем причинува актуелниот глобален проблем со Ковид-19. Со самото тоа и за самиот спорт и ракомет. Едноставно не знам каков е тој натпревар без публика, повеќе би личел на пријателски меч од затворен тип. Навистина, секоја играч добива посебен мотив кога игра пред публика, макар тоа би било и пред противничката. Во секој случај, колку што можам да ја разберам целата ситуација, ќе мора да научиме да живееме со овие проблеми некое време.

Познати сте ѝ на македонската спортска јавност, со вашите игри во нашата земја, вистински борец на теренот, комуницирате ли со вашите поранешни тимски колеги и пријатели?

– Секако, спортот е помеѓу останатото затоа и одличен, бидејќи во текот на кариерата стекнуваш толку пријатели колку што ти остануваат за цел живот. Генерално сите до некаде го имаат истото мислење дека новонастанатата ситуација е „убиец“ на ракометот и сето убаво што донесува овој спорт.

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар се најде во финансиски проблеми, истите се очекуваат барем според најавите од екс играчи да се регулираат до крајот на годината од аспект на платите. Со старо-новиот претседател Михајло Михајловски, клубот повторно се крева на стабилни нозе и веќе се ангажирани искусни и талентирани играчи за следната сезона во ЛШ. Верувате ли дека Вардар 1961 и верните „Комити“ можат повторно да блеснат во Европа?

– Јас имам преубаво искуство со Михајловски. Преубави четири години поминав во Вардар, со одлични луѓе и навивачи. Сигурен дека тој ќе пронајде решение Вардар остане таму и каде што заслужува. Навистина би бил огромен хендикеп за нашиот ракомет (екс ју ракомет) Вардар да не биде на врвот како што беше во последните години. Тоа градот Скопје, Македонија и навивачите апсолутно го заслужуваат.

rkmetalurg.mk

Вие сте и поранешен играч на Металург кој исто така ангажира нови ракометари (Рниќ, Тарабокија, Хорват, Канкараш…) за многу поголеми амбиции во следната сезона во која ќе играат и во новоформираната Лига Европа. Дали на македонскиот ракомет му е потребен и еден силен Металург?

– Исто така ме радува фактот што мојот исто така омилен клуб, Металург повторно тргна на патот кон успехот, гледам добри засилувања и тоа ме прави среќен што во Скопје повторно ќе се игра славното дерби помеѓу Вардар и Металург, а во Европа сигурен дека ќе играат забележителна улога.

фото: рфм

Репрезентациите на Македонија и Црна Гора ги добија ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година. Македонија е во група со Данска, Швајцарија и Финска, а Црна Гора ќе игра со Шведска, Романија и Косово. Двете најдобропласираните одат директно на ЕП, како и четири најдобротретопласирани. Како ги гледате нивните шанси?

– Па, сигурен дека сум дека двете репрезентации ќе се пласираат, бидејќи тоа навистина и го заслужуваат. Со континуирана работа селекцијата на Македонија би можела можеби да го достигне својот врв со освојување на некој од медалите, навивам за нив и верувам во тие момци. Што се однесува до Црна Гора, селекторот Рогановиќ прави добри работи, селектираше одлична репрезентација. Имаат добра атмосфера и мислам дека како што ќе поминуваат натпреварувањата дека Црна Гора само ќе расте кон европскиот врв.

И на крајот што би им препорачале на младите кои сакаат да се занимаваат со ракомет и спортот воопшто?

– Па, навистина ракометот и генерално спортот е нешто што те обликува во вистинска смисла на зборот, создава пријателства, развива карактер. Топла препорака до сите да одат и тренираат ракометот, бидејќи тоа е најубавиот спорт на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот