Интегрални варени гевречиња (РЕЦЕПТ)

профимедиа

Сос­тојки:

500 гр ин­тег­рал­но брашно

1 коцка свеж ква­сец

по­ло­ви­на ча­ша мла­ка вода

2 ла­жи­ци масло

200 гр пу­тер

по­ло­ви­на ла­жич­ка сол

су­сам за по­си­пу­вање

За ва­рење:

2 ла­жи­ци мед или ше­ќер

500 мл вода

Под­го­товка:

Во под­ла­бок сад се рас­то­пу­ва ква­се­цот во мла­ка­та во­да и се до­да­ва мал­ку брашно. Ва­ка под­гот­ве­на­та сме­са се ос­та­ва 10 до 15 ми­ну­ти за да стаса. По­тоа се до­да­ва­ат браш­ното, солта, мас­ло­то и пу­те­рот. Се­то ова уба­во се ме­си и се ос­та­ва да от­стои уш­те 30-ина ми­нути.

Под­гот­ве­но­то тес­то се де­ли на 10 топки, кои по­доц­на се тегнат, а со по­мош на стап­че се пра­ви дуп­ка во сре­ди­на­та и се об­ли­ку­ва­ат со раце­те за да се до­бие фор­ма на ѓев­рек.

От­ка­ко ѓев­ре­чи­ња­та ќе ви би­дат го­тови, на оган ста­ве­те по­го­ле­мо тен­џе­ре и во не­го си­пе­те ја во­да­та и ме­дот и по­че­кај­те да зов­ри­јат.

От­ка­ко во­да­та уба­во ќе поч­не да врие, ста­вај­те ги ѓев­ре­чи­ња­та ед­но по ед­но и ос­та­ве­те ги да пов­ри­јат малку. От­ка­ко ќе ги из­ва­дите, на­ро­се­те ги со су­сам и на­ре­де­те ги во тав­че об­ло­же­но со хар­ти­ја за пе­чење.

Ѓев­ре­чи­ња­та пе­че­те ги на 180 сте­пе­ни око­лу 40 ми­нути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот