Интегрални кифлички со локум

 

СОСТОЈКИ
– 120 мл млеко

– 200 г бело брашно

– 200 г интегрално брашно

– 150 г шеќер

– 50 мл масло

– 2 јајца

– 1 сув квасец

– 1 ванила

– локум

– прав шеќер

ПОДГОТОВКА
Квасецот разматете го во млако млеко. Измешајте ги двата вида брашно. Едно јајце и една белка изматете ги и во нив додадете го квасецот. Измешајте ги шеќерот, маслото и ванилата и во течната смеса додајте го брашното. Месете да добиете меко тесто. Прекријте го со фолија и оставете го да нарасне. За тоа време исечете го локумот  на  помали парчиња. Потоа размесете го, па расукајте кора и исечте ја на триаголници. Во секој триаголник ставете по едно помало парче локум и завиткајте кифлички. Наредете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Нека нараснат уште еднаш, премачкајте ги со жолчка и печете ги во рерна загреана на 180 степени. На крај изладете ги и посипет ги со шеќер во прав.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот