Инспекторите на Центар го расчистија просторот кај Зелен пазар, за еден месец „паднаа“ 90 казни

Фото: Општина Центар

Комуналните инспектори на Општина Центар, почнувајќи од февруари спроведуваат засилени инспекциски акции на локации околу Зелен пазар, за да ги санкционираат лицата кои препродаваат производи на зелена површина, пред зградите и на тротоарите околу пазарот.

Постапувајќи по пријави на граѓани за продажба на производи на јавна површина на затекнатите нелегални препродавачи од комуналните редари им се изречени казни во висина од 150 евра. Во изминатиот месец, по спроведените акции во околината на Зеленото пазарче, изречени се 90 прекршочни платни налози согласно Законот за јавна чистота.

Денеска и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им се придружи на комуналните инспектори и редари и заедно со припадниците на МВР вршеа контроли во реонот на Зеленото пазарче.

Инспекциските контроли на нелегалните препродавачи веќе даваат конкретни резултати. Ги нема расфрланите отпадоци, ослободени се јавните површини и граѓаните можат слободно да се движат и да си ги завршуваат секојдневните обврски. Жителите од нас бараат да се справиме со препродавачите, тоа го дискутиравме и на средбите со граѓани, го дискутиравме и со раководството на „Скопски пазар’“и мислам дека сме на добар пат кон конечно решение. Акциите ќе продолжат и во наредниот период, сѐ до конечно менување на навиките на препродавачите – изјави Герасимовски.

Инспекциски контроли на комуналната инспекција, како што најавуваат од Центар, ќе продолжат и во наредниот период на повеќе локации во општината, секаде каде што се појавуваат вакви проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот