Инфлацијата се намалува – мерките даваат резултат, вели заменик-министерот Николовски

Фото: Министерство за финансии

„Среде криза, Владата успеа да ги покачи минималната плата и пензиите“, рече заменик-министерот за финансии Филип Николоски, во гостувањето во „Детектор“.

-Се воспостави систем за долгорочно зголемување на минималната плата. Таа ќе се зголеми за над 12 проценти од март и ќе изнесува над 20 илјади денари. Во меѓувреме регистириравме и просечна плата повисока од 33 илјади денари. Постои и методологија со која ќе растат и пензиите, рече Николоски.

Тој додаде дека Владата успеала и во намерата за намалување на цените на основните прехранбени продукти.

„Знаеме и не смееме да бидеме нереални дека некои цени на прехранбените прозиводи се зголемија над 40 проценти. Меѓутоа се направија анализи и се видоа условите на прехранбените капацитети. Со нив беше договорено да се намалат цените на електричната енергија, па затоа веќе овој месец може да се види по маркетите дека голем дел од цените на прехранбените производи се намалуваат. Кај некои намалувањето е за над 10 проценти. Млекото од 90 денари колку што чинеше во пикот, сега е околу 71 денар. Намалувањето се чувствува, пикот на инфлацијата беше во месец октомври и оттогаш имаме намалување“, вели Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот