Инфицирани преку семејни контакти: Три медицински сестри на ГАК се позитивни, доктор и директорката во самоизолација

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на ковид-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се наоѓаат во самоизолација поради заболени членови во нивните семејства.

Веста ја потврди и директорката Јовановска, според која трите медицинските сестри се заразиле со контакт од надвор, односно семеен контакт, а не на Клиниката.

– Ние двајцата доктори сме во самоизолација, не сме со решение, туку сме во самоизолација поради тоа што во семејствата имаме повеќе од тројца заболени. Се тестиравме и јас и докторот сме негативни. Мајка ми, сестра ми и внучето ми се позитивни и уште две внучиња од сестра ми се позитивни. Јас не сум имала контакт со медицинските сестри. И членови на семејството на лекарот, исто така, се позитивни. Поради тоа сме во самоизолација, посочи Јовановска.

Додаде дека на Клиниката сите ги почитуваат протоколите за носење лична заштитна опрема.

– Во овие седум месеци никој не се заразил на Клиниката. Нема никаква опасност да се заразат пациенти и персонал. Од понеделник уште еднаш ќе се тестираме, да имаме негативен тест и ќе одиме на работа, додаде Јовановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот