Индија руши рекорди по бројот на новозаболени од ковид, крематориумите преполни

Фото: SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Индија во средата постави нов глобален рекорд на дневни случаи со коронавирус, регистрирајќи над 360.000 инфекции во изминатите 24 часа.

Бројот на жртви во земјата поврзан со коронавирусит сега надмина 200.000.

Според дневните статистички податоци објавени од Министерството за здравство, регистрирани се 360.960 нови случаи, со што вкупниот број на заболени во земјата е 17,99 милиони. Бројот на починати сега достигна 201.187, вклучувајќи и рекордни нови 3.293 жртви.

Индија регистрира експоненцијално голем број случаи – над 300.000 дневни инфекции со ковид-19 од 22 април – што доведува до недостаток на кислород во болниците, болнички кревети и лекови за третман како Ремдесивир. Дневните случаи во понеделникот достигнаа 352.991, додека во вторникот земјата се забележани 323.144 нови случаи.

Ситуацијата е уште полоша во главниот град Њу Делхи, каде болниците се  беспомошни бидејќи се соочуваат со акутен недостиг на кислород. Има голем број случаи кога пациентите умираат бидејќи не успеваат да добијат кислородни легла во болниците.

Според официјалните податоци, Њу Делхи пријавил над 24.000 нови случаи и 381 смртни случаи доцна во вторникот.

Лошо погодената држава Махараштра во меѓувреме забележа 895 смртни случаи доцна во вторникот, што е највисока бројкадосега во државата за еден ден.

Со повеќе жртви пријавени низ целата земја, градовите јавуваат за многу позголемен број на кремации и погреби. Додека оние што управуваат со кремациите и погребалните служби велат дека претходно  не виделе толкав број, Њу Делхи сега направи импровизирани погребни огнови за да се справи со растечките кремации.

Иако бројот на жртви во Индија надмина 200.000 во средата, експертите сметаат дека бројот е поголем бидејќи многу смртни случаи од ковид не се пријавени.

Со оглед на тоа што во Индија продолжува кризата со пандемијата, меѓународната заедница најави дека ќе и помогне на земјата. Првиот итен медицински материјал од Велика Британија пристигна во Индија во вторникот.

Индискиот премиер Нарендра Моди е на удар на критики затоа што не успеа да управува со вториот бран на пандемијата. Земјата сега ги користи железниците, воздухопловните сили и морнарицата за транспорт на кислород низ целата земја.

Извор: Анадолу Агенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот