Индија го оцени документарецот на „Би-Би-Си” за Моди како „пропаганден”

Нарендра Моди
Индискиот премиер, Нарендра Моди / Фото EPA-EFE/ROBERT PERRY

Индиското Министерство за надворешни работи во четвртокот го отфрли документарниот филм на Би-Би-Си за премиерот Нарендра Моди во кој се доведува во прашање неговото раководство за време на немирите во Гуџарат во 2002 година како „пропаганда“.

Моди бил главен министер на западната држава Гуџарат кога била зафатена од немири во кои загинале повеќе од 1.000 луѓе – повеќето од нив муслимани. Насилството избувнало откако воз со хинду аџии се запалил, при што загинале 59, потсетува Ројтерс.

Обвинет дека не ги спречил немирите, Моди ги негираше обвинувањата и беше ослободен во 2012 година по истрагата на највисокиот суд на Индија. Друга петиција со која се доведува во прашање неговото ослободување беше отфрлена минатата година.

Огласувајќи го документарецот на Би-Би-Си како „пропаганда“ со цел да поттикне „дискрредитиран наратив“, портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ариндам Багчи, рече дека во него е „еклатантно видлива“ „пристрасност“, „необјективност“ и „продолжување на колонијалниот начин на размислување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот